Во Орегон ќе се отвори „drive-through“ продавница за марихуана

Нова продавница за марихуана во Голд Бич, Орегон ќе функционира според омилениот концепт закупување  Американците – „drive-through“.

Според Curry Pilot, првата продавница за канабис во градот, Green Life Oregon, ќе биде прва во државата кога станува збор за рекреационална марихуана.

Во Голд Бич туризмот на марихуана се развива, а на градот се чини дека тоа му годи, пишува Mashable.

„Го видов бизнис планот, ги запознав инвеститорите и верувам дека оваа продавница ќе придонесе за областа“, вели Julie Schmelzer, директор за економски развој на областа Кари за Curry Pilot.

„Нивните планови за експанзија можат да му помогнат на Гол Бич и југозападниот брег, кои станаа дестинација за оние кои се заинтересирани во новиот зелен туризам од кој сме дел и сме среќни за тоа“.

Продавницата ќе биде отворена на 4. април, односно 420, неофицијалниот празник на марихуаната.