Во Њу Џерси се гради најголемата вертикална фарма

Огромна вертикална фарма во која ќе се одгледуваат земјоделски производи без сонце ниту почва, се гради во Њу Џерси. Кога ќе биде готова, ќе биде најголемата фарма од ваков вид во светот.

Слична, но помала ваква фарма е претставена на видеото подолу. Фармата во Њу Џерси ќе биде моделирана според оваа на AeroFarm.

Растенијата ќе се одгледуваат внатре, под ЛЕД светилки, без почва. Фабриката Мираи во Јапонија има сличен концепт во многу помал размер веќе со години. Но, она што е интересно за фармата во Њу Џерси е нејзината големина.

AeroFarm сега гради ја гради фармата во стара челична мелница со големина од 6500 метри. Според компанијата, таму ќе се произведуваат 0,9 милион тони марула и други зеленчуци годишно.

Извор: Gizmodo