Во МОБ вечерва балетската претстава „14 часа“

Во Македонската опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава „14 часа“ во режија на Наташа Поплавска.

Во МОБ вечерва балетската претстава „14 часа“

Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, а костимите на Александар Ношпал.

Во ова современо балетско дело низ 12 сцени се разработуваат женско-машките односи преку ликовите на Лили и Марк.

Во балетската претстава играат Алексадра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.

Премиерата на преставата се одржа на 22 декември.