Во МКЦ ќе има проекција на филмот „Во потрага по Виа Егнација“

Во пресрет на планираната велосипедска дружба долж Виа Егнација, велосипедскиот кружок „Милтон Манаки“ во понеделник од 18 часот организира проекција на филм посветен токму на овој легендарен пат – „Во потрага по Виа Егнација“.

„Филмот е во режија на Бојан Ранташа, а се реализираше со помош и на наши членови. Прекрасни глетки, бои кои зрачат со живот, многу смеа долж истражувањето низ нашата земја. Ги покануваме сите оние кои не присуствуваа на премиерата на филмот на минатогодишното издание на ‘ЕХО – фестивал на планинаскиот филм ‘ , да го изуживаат сега“, велат од „Милтон Манаки“.

Местата се ограничени и пријавувањето се одвива на milton@to4ak.com. Проекцијата ќе се одвива во НВО Центарот во МКЦ.