Во Лондон се отвори клуб во кој алкохолот може да се вдише

„Alcoholic Architecture“ е новиот бар во Лондон во кој корисниците што ќе дојдат ќе можат да го вдишат испарувањето на алкохолот, т.н. „коктел што се вдишува“.

Во менито на овој клуб можат да се најдат само пијалоци кои ги направиле монасите од околни манастири.

Облакот е направен од една единица на алкохол и три на вода, а воздухот се ослободува од спцијални навлажнувачи.

Алкохолот овде се апсорбира преку кожата, градите и очните јаболчници, а толку е силен што корисниците можат да испијат половина од тоа што претходно го пиеле, а да има ист ефект. Меѓутоа има ограничување. Во барот можете да останете најмногу 50 минути, бидејќи алкохолот овде не влегува во црниот дроб, туку директно во крвотокот.

Ова не е првпат во Лондон да се појави ваков клуб. Во 2009 година постоел друг бар каде во воздухот испарувал џин тоник.

Извор: mojnovisad.com