Во Лондон се отвора бар во кој ќе се служи само вода

Коктел бар кој ќе служи само вода наскоро ќе се отвори во стоковна куќа во Лондон, следејќи го примерот на неколку американски барови.

При креирањето на менито, луксузниот бар ќе консултира неколку стручњаци за вода.

Во 2013 година, бар во Лос Анџелес воведе мени со 20 различни води, како на пример шише со калифорниска вода, кое чини 14 долари.

Во знак на поддршка за барот, германскиот познавач на водата Мартин Рајз изјави:

„Водата има вкус, зошто да не се создаде мени за вода? Само купете различни брендови на вода со различни минерални нивоа и вкусете еден по друг. Наеднаш ќе сфатете колку се всушност различни. Како виното, можете да го вкусите регионот и длабочината од која доаѓа водата“.