Во Копенхаген ќе се гради патека за велосипедисти и пешаци помеѓу два облакодери

Данскиот главен град е познат по бројните патеки за пешаци и велосипеди, но неодамна властите најавија изградба на нов мост кој ќе биде лоциран на влезот на пристаништето и ќе се протега помеѓу два облакодери, 64 метри над вода.

Мостот е дизајниран од архитектот Стивен Хол во 2008 година, но дури годинава започна со реализација по економските проблеми кои го ставија проектот во мирување. Конструкцијата ќе вклучи изградба на уште две кули кои ќе бидат подлога за мостот. Во едната кула ќе има ресторани и кафулиња и балкон налик на палуба.

Дизајнот го оценуваат како луд и непрактичен со оглед на тоа дека велосипедистите и пешаците со лифт треба да се качат или да се симнат за да го преминат мостот. Но, неговата изградба се должи на бирократија и прописи.

Според законот, ниту еден дом во Копенхаген не смее да биде оддалечен повеќе од 500 метри од јавниот транспорт. Досега, луѓето во овој регион морале да заобиколуваат 2,2 километри за да стигнат од едната до другата страна на пристаништето.