Во Кливленд ќе се подигне споменик на Супермен

Властите во американскиот град Кливленд одобрија да се постави скулптура на Супермен, во чест на нивните двајца сограѓани Џери Сигел и Џо Шустер, кои преку нивниот стрип се всушност вистинските творци на ликот на овој суперхерој.

Челичната скулптура, дело на вајарот Дејвид Деминг, ќе биде висока четири метри и украсена со кристали на „криптон“. Споменикот ќе биде поставен на брегот на езерото Ири, но пред да биде одобрен споменикот, локалните власти побарале дизајнот да биде направен така што ќе биде безбеден за минувачите.

Сигел и Шистер потекнуваат од Кливленд и соработуваат уште од 1933 година. Од Кливленд е и сопругата на Шустер, Џоана, која им била модел за ликот на девојката на Супермен, Лоис Лејн.

Споменикот на Супермен ќе чини три милиони долари и ќе биде приватно финансиран, а се очекува да биде поставен во текот на 2017 година.

Но, ова не е прв случај да се подигне споменик на фиктивен лик. Во Филаделфија повеќе од две децении имаше споменик на Роки Балбоа, во Њујорк веќе 50 години постојат споменици на ликовите од книгата „Алиса во земјата на чудата“, а во Лондон и Москва има скултури на Шерлок Холмс.