Во Кина уапсени стотици службени лица за прекршување на еколошките прописи

Властите во Кина уапсија стотици службеници бидејќи не успеале да се справат со прекршувањето на еколошките прописи за време на инспекциите минатата година, соопшти министерот за животна средина за последниот круг од „војната против загадувањето“, предводена од претседателот Кси Џинпинг.

Вкупно 4 305 службени лица во 10 провинции и региони не успеале да ги отстранат прекршоците, за што дел од нив добиле парична казна, а дел затворска казна, соопшти министерот.

Од крајот на мај, инспекторите на централната власт почнаа повторно да ги прегледуваат илјадниците прекршоци откриени за време на националната ревизија на животната средина и утврдиле дека многу од проблемите не биле правилно решени.

Тие веќе ги обвинија локалните власти и претпријатијата во државна сопственост низ целата земја за спроведување „несовесни” или дури „измамнички” исправки.

Вкупните парични казни од 510 милиони јуани (77,13 милиони долари) веќе биле издадени во 10-те региони, меѓу кои и двете најголеми провинции Хебеј и Џиангсу за производство на челик, како и Јунан и Нинџија на западниот и Гуангдонг на југоисток, информираат од Министерството за екологија и животна средина.

Оваа рунда на инспекции вклучуваше вкупно 28.076 прекршоци. Министерството соопшти дека 464 функционери биле предмет на административен или кривичен притвор.

Кина е во петтата година од својата војна против загадувањето, а Кси во мај вети дека ќе ја искористи целосната моќ на владејачката Комунистичка партија за да се справи со долготрајните еколошки проблеми.