Најбогатата компанија за производство на жестоки пијалаци на светот отвора нов универзитет, каде стотици студенти ќе ја изучуваат науката на алкохолот.
Кинеската државна компанија Квеичоу Мутаи ќе го отвори Универзитетот Мутаи во Ренхуаи, во јужната провинција Гуангжу, веднаш откако ќе добие акредитација од Министерството за образование.
Вкупно 600 студенти од локалната област ќе посетуваат студии за производство на вино, квалитет на храна и безбедност на храна и пијалаци, на кампусот кој се протега на 13 хектари.
Јужнокинески весник вели дека кинеската индустрија на алкохол долго време има дефицит од работна сила, а универзитетот е начин да привлече „нови регрути“.
Квеичоу Мутаи е производител на Мутаи, кој често го нарекуваат национален пијалак на Кина, а е и популарен избор меѓу државниците.
Мутаи е најпознат подарок кој кинеските службеници го даваат на странските дипломати, а е и најпознато средство за поткуп.
Според кинеските медиуми, Универзитетот Мутаи нема да биде прв во земјата кој нуди невообичаени курсеви. Во други градови, студентите можат да изучуваат подготвување на риба, лотарија, или науката на подготвување топли нудли.