Во Кина продадено куче за 1,4 милиони евра

Огромен тибетски мастиф продаден е во Кина за речиси 1,4 милиони евра, со што животното старо една година и тешко 90 килограми би можело да биде најскапото куче во светот, јавија локалните медиуми.

Во Кина продадено куче за 1,4 милиони евра

Богатиот купувач изброил 12 милиони јуани (1,39 милиони евра) за мастифот на саемот на кучиња во источно-кинеската провинција Жеџијанг.

Често споредуван со лавот поради огромната грива од црни или црвенкасти влакна, тибетскиот мастиф е омилено куче на богатите Кинези. Тој е симбол на нивниот општествен статус, па цената на овие силни миленичиња се зголеми во последните години.

Сопствениците ги опишуваат како верни и прекрасни чувари.