Во јули без пластика – глобален предизвик ги поттикнува луѓето на одржливи навики

Колку е тешко да се каже „не“ на пластиката за еднократна употреба во текот на еден месец, на пример јули? Луѓето кои секојдневно се приклучуваат на глобалното движење „Plastic Free July“ („Јули без пластика“) ќе се обидат да бидат дел од решението за загадувањето со пластика.

Оваа иницијатива започна во 2011 година. Минатата година, околу 250 милиони луѓе од 177 земји учествуваа во неа. Анкета што ја направило движењето откри дека учесниците го намалиле отпадот од домаќинствата околу 5% годишно и направиле промени што станале долгорочни навики.

Ребека Принц-Руиз ја основаше Фондацијата „Plastic Free“ („Без пластика“) како непрофитна во 2017 година заедно со тим на посветени луѓе во Западна Австралија. Сега, организацијата го промовира јули како месец без пластика.

Веб-страницата на фондацијата е достапен ресурс за луѓето ширум светот. Инспирира посетители со приказни за обични луѓе кои се обидуваат да ја одбегнат пластиката. Делот наречен „Што прават другите“ ги поканува читателите да ги достават своите приказни за алтернативите на пластика што ги користат во нивниот секојдневен живот.

За учество во движењето, може да се регистрирате на веб-страницата на следниот ЛИНК. Веб-формуларот го бара вашето име, адреса за е-пошта, земја и поштенски код.

Учесниците добиваат неделни мотивациски е-пошти со совети за избегнување на пластика и новости за глобалното движење. Образецот исто така дава избор за нивото на учество. Може да се посветите да одите без пластика на еден ден, недела, во текот на целиот месец јули или на неодредено време. Можете исто така да изберете дали учествувате во предизвикот на вашето работно место, во вашето училиште или дома.