Во Јапонија и кучињата се долговечни

Просечниот животен век на кучињата-домашни миленици во Јапонија во изминатите три децении се удвоил, па оваа богата далекиисточна земја сега се соочува со растечки проблем со негата за старите, изнемештени домашни миленици. Во јапонските домови живеат повеќе од 20 милиони кучиња и мачки стари до 14 години – четири милиони повеќе отколку деца на иста возраст. Овој месец, основана е општа болница за кучиња која ги пружа сите форми на медицинска нега кои ги уживаат и луѓето.

Во Јапонија и домашните миленици се долговечни

Во изминатите 30 години, благодарејќи на подобрувањето во квалитетот на исхраната и на ветеринарната нега, просечниот животен век на домашните кучиња се зголемил од 7 на 14 години, јавува најголемата јапонска телевизија НХК. Така, земјата во која 23 проценти од вкупното население се луѓе постари од 65 години, сега се соочува не само со феноменот на стареењето на човечката, туку и на животинската популација.

Јапонија беше една од првите земји во кои беа отворени хотели и салони за убавина за кучиња, кои нудат педикирски излуги и масажи за милениците. Сега, расте потребата од медицински установи кои ќе нудат еднаква нега за кучињата, како и за луѓето. Големиот ланец супермаркети и трговски центри „Ион“ во гратчето Чиби, недалеку од престолнината Токио овој месец отвори болница која нуди најсовремени медицински придобивки за кучињата.

Во Јапонија и домашните миленици се долговечни

Болницата, која е замислена пред се како ургентен центар, е опремена со хируршка сала и современи дијагностички апарати – скенери и ултравук, а дежурни екипи лекари се на располагање 24 часа во денот, 365 дена во годината.

Ветеринарната установа, прва од ваков вид, ќе нуди и палијативна нега за старите кучиња, кои се пред умирање. Персоналот на болницата ги храни со течна храна и им дава лекови за ублажување на болките. За нивото на услугата сведочи и тоа што вработените по неколку пати дневно ги обиколуваат изнемоштените кучиња и ги преместуваат, за да не се здобијат со повреди од постојаното лежење во иста положба.

Со ова, сопствениците на кучињата, и самите во одминати години, можат си посветат време на себеси, без да стравуваат дека не им нудат доволно нега и внимание на своите миленици, заклучува телевизијата НХК.

Најевтините прегледи чинат 80 евра, додека повеќе мали интервенции и сложен преглед обично чинат 250 евра. Трошоците за операции и кревет во болницата се наплатуваат посебно, а цената на комплетна месечна нега за миленикот може да достигне и преку 1000 евра.

Извор