Во изминатите 24 часа регистрирани 1.168 нови случаи на Ковид-19, oздравени се 692, а починати 18 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.353 тестирања, а регистрирани се 1.168 нови случаи на Ковид-19, од кои најмногу во Скопје -513, потоа Прилеп – 77, Тетово 65, Битола 58, Кичево 42, Струга 40, Свети Николе и Струмица по 33, Гостивар 30, Кавадарци 29, Охрид 25, Кочани 19…

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти. Истовремено, починати се 18 лица, од кои пет во Скопје, четири во Гостивар, по двајца во Куманово и Битола, и по еден во Штип, Тетово, Охрид, Струмица и Кратово.

„Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови“, велат од министерството.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 46.062, бројката на оздравени пациенти е 26.981, на починати е 1.281, а бројот на активни случаи изнесува 17.800.

„Досега во земјата се направени вкупно 289.534 тестирања на Ковид -19“, соопштуваат од министерството.

Исто така, од ресорното министерство денес информираа дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 694.

„Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, соопштува министерството.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти на позитивни и суспектни на КОВИД-19.

„Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 47 пациент, во Велес се лекуваат 71 болен, а во Куманово 70 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 96 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, соопшти министерството.

Инаку, велат тие, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

„И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се вели во соопштението.