Во Ирска ќе се одржи референдум за абортус на 25 мај

Ирците ќе гласаат на референдум на 25 мај дали да го либерализираат Законот за абортус. Со ова ирските граѓани ќе можат првпат по 35 години да го реформираат еден од најстрогите светски закони.

Абортусот долго време е горлива тема во конзервативната католичка Ирска, каде целосната забрана е укината во 2013 година, кога прекин на бременоста е дозволен само во случај кога животот на мајката е во опасност.

Гласачите ќе бидат прашани дали сакаат да се укине осмиот амандман на Уставот, воведен во 1983 година, за да се осигура еднаквото право на животот на мајката и нејзиното неродено дете и да му се овозможи на Парламентот да воведе Закон за таа проблематика.