Во Иран уапсени 29 жени поради тргање на хиџабот

Полицијата во главниот град на Иран уапси 29 жени обвинети дека се „заведени” да се приклучат на протестите против законот што го прави носењето хиџаб задолжително.

Жените низ целата земја протестираат качувајќи се на телекомуникациските кутии, со симнување на нивните шамии и мавтајќи ги на стапови.

Иако жените во Иран се борат против хиџаб речиси четири децении, новиот бран на протести привлече повеќе внимание и предизвика дебата што ретко се гледа.

Една неодамнешна слика направена во Мешхад покажува религиозна жена во абаја која стои на кутија за телекомуникации, држи шамија во знак на солидарност со жените кои не сакаат да ја носат.

Полицијата во Техеран во четвртокот објави дека кампањата била иницирана надвор од Иран, преку нелегални сателитски канали.

„По повиците од сателитските канали во рамките на кампањата наречена ‘Бела среда’, 29 од оние кои биле измамени да го отстранат својот хиџаб беа уапсени од страна на полицијата”, објави полуофицијалниот медиум „Тасни“, кој е поврзан со елитната револуционерна гарда.

Реформистичкиот весник „Шарг“ ги прикажа протестите со наслов „Реакции за отстранување на шамиите на улиците”. Таквите дискусии ретко стигнуваат до националните весници, кои работат под тешка цензура, но коментарите на судските власти им дозволија на „Шарг“ да пишуваат за ова прашање.

Сохеила Јолодарзаде, членка на иранскиот парламент, рече дека протестите се резултат на долготрајните рестрикции.

„Тие се случуваат поради нашиот погрешен пристап”, рече таа, според полуофицијалната новинска агенција „Илна“.

„Наметнавме рестрикции за жените и ги ставивме под непотребни ограничувања. Ова е причината зошто девојките од улицата Енгелбаб ги ставаат своите шамии на стап. ”

Иранскиот генерален обвинител Мохамед Џафар Монтазери ги опиша протестите во средата како „детски” и поттикнати „од надвор”.

Масих Алинеџад, американскa новинарка и активистка, ја започна кампањата „Белата среда“ во мај 2017 година, охрабрувајќи ги жените да носат бели шамии или да ги симнат во знак на протест поради правилата.

„Иранската полиција во 2014 година објави дека тие предупредиле, уапсиле или испратиле на суд скоро 3,6 милиони жени поради носење лош хиџаб, па затоа овие апсења не се нови, ако луѓето протестираат тоа е токму поради таквата операција”, рече таа за „Гардијан“.

Иранските власти ја обвинија дека добила пари од странски влади за да ги финансира нејзините две кампањи против задолжитеното носење за хиџаб. Првата е „Мојата утешна слобода“. Алинеџад го негираше тоа, велејќи дека иако работи за американската влада, финансирана од „Гласот на Америка“, таа нема добиено средства за ниту една од нејзините кампањи.