Во Ирак поставени тушеви на јавни места поради екстремните горештини

Метеоролошкиот сервис на Ирак предупреди дека температурите ќе растат викендот, очекувајќи да достигнат и до 51 степени Целзиусови.

Државата вообичаено се соочува со екстремни горештини во текот на летото и електрични прекини што дополнително го отежнуваат животот на населението кога високите температури ќе настапат.

На некои јавни места се поставени тушеви за граѓаните да можат да се разладат, додека дел од уличните продавачи и таксисти имаат влажни марамчиња на своите глави.

Денеска се очекува температурата да достигне до 50 степени Целзиусови, во јужниот дел на Ирак.