Во Индонезија пронајден кит со 6 килограми пластика во стомакот

На брегот на источна Индонезија испловил мртов кит од видот Physeter macrocephalus кој во својот стомак имал 6 килограми пластичен отпад.

Цицачот, долг 9,5 метри е пронајде вчера во водите на Островот Капота во Националниот парк.

Во неговиот организам биле најдени 115 пластични чаши, 25 пластични кеси и влечки.