Во хакерски напад украдени лични податоци на 100 милиони Американци и Канаѓани

Во хахерски напад на финансиската компанија „Капитал Оне“ украдени се лични податоци на околу 106 милиони граѓани од САД и Канада, информираа од компанијата.

Според компанијата, меѓу украдените лични податоци се имиња, адреси и телефонски броеви на луѓето кои аплицирале за некој од нивните кредитни картички.

Објавата доаѓа откако лицето, осомничено за хакерскиот напад информации, било уапсено во текот на вчерашниот ден.

Се работи за 33 годишна жена, која е обвинета за компјутерска измама. Според судските документи, таа се пофалила за упадот во компанијата на онлајн форум. Хакерката се соочува со максимална казна од пет години затвор и 250.000 долари парична казна.

„Капитал Оне“ е голем оператор со кредитни картички во САД, а хакерскиот напад бил откриен на 19 јули. Според нив, хакерот успеал да открие проблеми во информатичката инфраструктура на компанијата.

Покрај имиња, датуми на раѓање, хакерот успеал да ги добие и кредитните оценки, лимити, биланси на сметка и историјата на плаќања на клиентите на компанијата.