Во гратче во САД пронајдено ТХЦ во водата за пиење

Жителите на мало фармерско гратче во источен Колорадо биле предупредени да не пијат вода од чешма, бидејќи водата содржи ТХЦ, психоактивна сустанца која може да се најде во канабисот.

Вработен во градската администрација на Хуго, гратче со 800 жители, ја детектирал супстанцата. Од сепартманот за јавно здравство веруваат дека случајот е „поврзан со марихуана“, објавил шерифот на областа Линколн на Фејсбук.

„Во моментов, истражувачите работат на случајот со државните и федералните власти“, изјавиле од канцеларијата на шерифот. „Користењето на водата за бањање и миење е се уште безбедно, но се додека не дознаеме повеќе информации, поради претпазливост, одбегнувајте да пиете вода од чешма“, предупредиле.

Сузан Кели, директор за јавно здравство во Колорадо, вели дека никој не се чувствувал лошо откако пиел од водата.

Во Колорадо е легална и рекреативна и медицинска употреба на марихуана. Но, се уште не е познато зошто во водата има ТХЦ, бидејќи нема легални одгледувалишта на марихуана во областа.