Во „Дуња“ утре ќе се собира и донира храната што остана од празниците

„Храната е право, а не привилиегија!“.

Вака од СЦ „Дуња“ преку социјалните мрежи ги повикуваат граѓаните да дојдат утре (8 јануари) од 13 часот и да донесат она што ќе им остане од Бадниковиот и Божиќниот ручек.

„Во овие денови полни со ентузијазам, привиден мир и трпези под кои крцкаат подови, наше е да останеме хумани и да го поделиме она што го имаме“, велат од „Дуња“, потенцирајќи дека заедно со „Коприва Колектив“ ќе се погрижат храната да стигне до оние на кои најмногу им е потребна.

Според Државниот завод за статистика, велат од „Дуња“, моменталниот број на луѓе кои живеат со еден, или ниеден оброк во текот на денот во Македонија е поголем од 400.000 и истиот постојано расте.

„Се гледаме во среда од 13 до 16 часот“, се вели во соопштението на „Дуња“.