Во Дубаи е забрането да се објавуваат фотографии од поплавите на интернет

Во Дубаи отсега ќе биде забрането да се објавуваат фотографии онлајн на кои е прикажано невреме, предупредија властите во Обединетите Арапски Емирати.

Објавувањето на негативни фотографии, или гласини во врска со неодамнешните поплави би можело да се казнува според законите за компјутерски криминал, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оштетувањето на угледот на земјата на интернет е казниво со затвор и парична казна до еден милион емиратски дирами, или 244 000 евра.

Властите изјавија дека луѓето „ширеле гласини“ и се однесувале „неодговорно“ на социјалните мрежи.

Бура со поројни дождови ја зафати државата на почетокот на оваа недела, поплавувајќи патишта и беа откажани летови. Тогаш, многумина споделија фотографии од поплавените патишта и од автомобили потопени под вода.