Во четврток ќе биде претставена изложбата „Актуелен момент во македонската современа фотографија“

На 30 август (четврток) во 20 часот во НЛБ Галеријата премиерно ќе биде претставена изложбата „Актуелен момент во македонската современа фотографија“.

Според организаторите, изложбата конечно ќе можат да ја видат и љубителите на фотографијата и во Македонија, откако неколку години успешно ги претставуваше македонските современи фотографски текови во Словенија, во Лесковац во рамките на Фотографскиот самит на бившите југословенски републики и во склоп на Денови на Српска фотографија во Чачак.

Изложба е дел од овогодишните 56-ти „Денови на македонска фотографија“.

Од Фото Сојуз на Македонија (ФСМ) потенцираат дека уметничката фотографија во Македонија има своја традиција и историја.

„Бидејќи до денес македонската фотографија не е комплетно обработена, ФСМ се труди да ги обработи актуелните збиднувања во фотографијата. Во Македонија создаваат фотографија многу автори со различни опсервацији, техники и идеји. Тие се организирани преку клубовите или како самостојни автори во рамките на ФСМ. Разноликоста во творештвото во фотографијата представува кретивно богатство и придонес кон културното творештво на Република Македонија. Изложбата момент е селекција од 30тина автори кои го предвизвикуваат нашето внимание во овој актуелен момент и нашата цел е ова селекција во иднина да ја прошируваме со нови автори и нови дела“, соопштува ФСМ.