Во Битола почнува меѓународниот фестивал „Музика од Светот“

Јубилејното, 10-то издание на меѓународниот фестивал на „Музика од Светот“ во Битола вечерва ќе почне со концерт на македонската група „Синтезис“.

На вториот ден, пак, ќе се претстават „The Quartet“.

Организаторот и домаќин на фестивалот, Центарот за култура-Битола, најавува спектакуларно издание на групата „Фламенко Екос“, гости од Куба, кои ќе го затворат фестивалот во недела.

Меѓународниот фестивал „Музика од Светот“ се одржува со поддршка на Министерството за култура.