Во Битола почнува 27. Интернационален фестивал на класична музика

Со концерт на Македонската филхармонија во Битола започнува 27. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2018“.

Во концертните сали на битолскиот Музеј ќе настапат Мариан Собула, пијанист од Полска, заеднички концерт ќе одржат и Змграфал Жураковски и Ана Мерник, исто така од Полска, а Ева Леон, виолинистка од САД, ќе настапи во придружба на Ана Ферер, пијанистка од Шпанија. Ќе настапи и лауреатот од 8-от „Интерфест Битола“ пијано натпревар, Иван Трајковски.

Во рамки на десетте фестивалски денови, освен концерти со уметници од Италија, Романија, Австрија, Германија и Русија, ќе биде отворена и изложба на графики од италијанскиот графичар Паоло Чампини. Во чест на гостите од странство, Битолскиот театар ќе ја изведе театарска претстава „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, а во режија на Џон Блондел.