Во Берлин ќе се отвори музеј за техно музика во поранешна електрична централа

Димитри Хегеман, основач на познатиот берлински техно клуб „Трезор“, ја најави локацијата на неговиот нов музеј посветен на техно музиката во германскиот главен град. Тој ќе биде сместен во Крафтверк, тоа е поранешна централа која стана културен комплекс, а која во моментов е домаќин на „Трезор“.

Во интервју за „Star2“, Хегеман објасни дека го дизајнира музејот за да го пренесе чувството на клубовите по паѓањето на Берлинскиот ѕид.

„Мислам на место каде што посетителите ќе влезат, одеднаш, се стемнува, машината за магла проработува, диџеј се појавува во далечината, ограда се крева од земјата, басот одекнува, а потоа забавата почнува”, рече тој.

„Музеј на сетилата за оние кои не одат во клуб.”

Кога Хегеман ги објави своите планови да создаде музеј уште во ноември, тој рече дека ќе го нарекува „Жива архива на електрониката“, затоа што според него, техното во Берлин се уште е живо, инспиративно и живописно движење.

„Трезор“ го слави својот дваесет и петти роденден оваа година, а подоцна овој месец Роберт Худ, Хуан Аткинс и Мориц фон Освалд ќе го започнат фестивалот со кој ќе се одбележи годишнината. Во 2014 година, Хегеман ги објави плановите за отворање на клуб со берлински стил во Детроит.