Во Белград отворено кафуле каде друштво ви прават зајаци

Неодамна беше отворен бар во Дорќол во Белград каде гостите можат да уживаат во својот омилен пијалок додека им прават друштво зајаци, пренесува Н1 со видео репортажа.

Менаџерката Зорица Јовановиќ наведува дека идејата ја добиле од голема љубов кон животните.

„Секој мора да ги дезинфицира рацете пред да влезе, мора да носи обувки, тоа го правиме за да не мора да се грижат, а потоа влегуваат во царството на зајаците. Во тоа царство, тие можат да уживаат во својот омилен пијалок, да седнат, да си играат, да се галат и да ги обноват своите емоции“, вели менаџерката.

Таа наведува дека идејата дошла од Јапонија.

„Започна од Јапонија, каде има кафуле каде што луѓето се забавуваат, а животните трчаат околу нив. Краков има кафуле со зајаци, а сега, Србија го доби своето, па Белград е метропола и го заслужува тоа“, додаде таа.

Јовановиќ рече дека се организирани и некои тематски собири, како на пример „сликај се со кучињата“, преку кои животните се вдомуваат.