Во текот на изминатиот месец се добиени 27 пријави од граѓани за недолично однесување на контролорите во ЈСП Скопје.
Во пет случаи е констатирано неправилно однесување и преземање дејства од контролорите и против овие вработени ќе бидат преземени мерки според Законот за работни односи. Во останатите 22 случаи, пак, е утврдено неправилно однесување на граѓаните, информираше денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Тој нагласи дека е зголемена контролата во јавниот градски превоз со што се зголемила и продажбата на билетите во ЈСП.