Во Амстердам ќе се одржи крвав рејв инспириран од филмот „Blade“

Фановите на вампирите се поканети на првиот „крвав рејв“ во светот кој ќе се одржи во Амстердам на претстојната Ноќ на вештерките. Тој е осмислен со цел да се симулира почетната сцена од акционион трилер „Blade” од 1998 година. Тоа нема да биде стандардна журка бидејќи гостите ќе бидат полиени со околу 5000 литри крв.

Иако се уште не се знае кој ќе настапува, организаторите објавија дека ќе бидат опфатени музичките жанрови хаус, техно и ритам. Сепак, овој избор на музика наиде на отпор кај потенцијалните учесници бидејќи тие мислат дека драм ен бејз музиката подобро би се прилагодила за оваа тема и подобро ќе одговара со оригиналната инспирација.

Организаторите сакаат да останат анонимни, но го рекламираат системот за прскање како „уметничко дело”, во кој сакаат да уживаат посетителите.

„По долго пребарување развивме посебен систем со спреј цевки поставени низ целиот таван и со тоа крвта ќе се расфрла врз толпата. Веќе го тестиравме неколку пати со течност слична на крв.”, велат организаторите.

Во однос на тоа дека ќе користат вистинска крв, промоторите коментираат:

„Тоа е преминување на сите граници, но ние сакаме да видиме колку далеку можеме да одиме”.

Погледнете ја сцената од филмот, која беше инспирација за овој настан: