Во Алжир е отворена клиника за одвикнување од Фејсбук

Клиника за Фејсбук зависници е отворена во Константин, град во источниот дел на Алжир, поради страв дека ранливите корисници ќе бидат манипулирани од исламистичките групи преку социјалната мрежа.

Приватната клиника нуди програми направени специјално за корисниците на оваа социјална мрежа. Таа доаѓа откако беше соопштено дека десет милиони граѓани во Алжир користат Фејсбук и дека нивниот број расте десет проценти секоја година.

Директорот на клиниката Рауф Бокафа вели дека постои опасност што зависноста од Фејсбук се потценува, во однос на останатите зависности.

„Идејата за клиниката е да ги ограничи трите ефекти од зависноста, да ја намали психолошката, социјалната и безбедносната штета, искусена од поединец кој живее во виртуелниот свет“, рече Бокафа.

Сесиите се достапни за „пациенти“ во клиничкиот центар кој има за цел да ги оттргне луѓето од нивната зависност од Фејсбук. Одговорниот тим ќе се посвети и на совладување на зависностите од дрога, пушење и алкохол.