Првиот меморијален центар во САД посветен на црнците кои биле жртви на линч се отвори во Монтгомери, Алабама.
Националниот меморијален центар за мир и правда, дело на непрофитната иницијатива за еднаква правда или EJI, се обидува да затвори едно застрашувачко поглавје на американската историја за кое ретко се зборува: линчувањето на околу 4.400 црнци низ Југот, ужас кој траел со децении.
„Треба да најдеме начини да живееме во оваа земја и да разговараме за работи за кои не зборувавме”, изјави основачот на EJI, Брајан Стивенсон.
Тој смета дека зборувањето за овој таинствен дел од американската историја може да биде непријатен за некои, но вели дека е неопходно за да се надмине.
„Не станува збор за одмазда”, рече тој.
Во меморијалниот центар во 800 редови висат столбови со имињата на луѓето кои биле линчувани, вклучувајќи ги и „непознатите” жртви.
Центарот вклучува и Музејот на наследство: од ропство до масовно затворање.