Влези и плачи – отворена соба за плачење во Мадрид

Овие денови во Шпанија е отворена ткн. соба плачење. Целта е да се намали стигмата за проблемите околу менталното здравје, пренесува Нова.рс.

Според податоците на шпанската влада, во 2019 година дури 3.671 лица извршиле самоубиство, со што го зазеде второто место за смртност, после природната смрт. Поради таа причина, во Мадрид е отворена соба за плачење која на корисниците им укажува на тоа дека е во ред да се побара психолошка поддршка.

Во собата е прикажан слоган „Влези и плачи“ или „И јас сум анксиозен“, додека пак во еден дел од собата е поставен телефон со список на стручњаци, каде корисниците можат да ги контактираат во случај на проблем.

Околу 5,8 проценти од вкупното население во Шпанија пати од анксиозност, а еден од десет тинејџери имаат дијагностицирано некаков проблем со менталното здравје.

По повод Светскиот ден на менталното здравје, шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека: „Се работи за проблем на јавното здравје“, за кој мора да се зборува во јавноста.

Санчез вети финансиска поддршка, како и телефонската линија за превенција на самоубиство која ќе биде во функција 24 часа дневно.