Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија), во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, во вторник (23-ти мај) во МКЦ – Скопје, ќе одржи јавна трибина насловена „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“, од серијата “Europe Talks” дебати во 2017 година.
На дебатата, која почнува во 14 часот, панелистите ќе дискутираат за тоа до каде е Македонија на патот кон ЕУ, за притисокот кој го има политичката криза врз ЕУ интеграцијата, политичките настани кои ја придвижуваат и оддалечуваат Македонија од ЕУ и нивното влијание врз развојот на демократското општество, како и посветеноста на европските претставници на решавањето на кризата.
Како панелисти најавени се Беса Арифи, Дона Костуранова, Кристине Д. Алтхаузер, Светлана Сиљаноска, Тања Хафнер Адеми, Блажен Малески, Бојан Маричиќ, Нано Ружин и Никола Димитров.
Работните јазици на дебата се албански, англиски и македонски јазик, а за оние кои нема да можат да присуствуваат ќе биде овозможен и видео стрим на фејсбук страната на ЏЕФ Македонија.