Музичарот Влатко Стефановски и историчарот Амет Шериф се овогодинешни добитници на државната награда,,11 Октомври“ во 2017 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Стефановски наградата ја добива достигнувања во областа на културата и уметноста, а професорот Шериф од областа на науката и образованието.
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” оваа одлука ја донел на седницата одржана на 14 септември и стапува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“, се вели во соопштението на Министерството за култура.