Градските власти во Њујорк ќе им даваат 2000 долари на своите жители кои ќе купат автомобил на електричен погон. Одлуката важи за возила кои не емитираат штетни гасови.
„Сакаме електричните возила да бидат популарни“, изјави Ејми Полин, раководителка на Комитетот за енергетика при градското собрание.
„Тие стануваат попристапни и мора да ги охрабриме луѓето“.
Иницијативата која отпочнува на 1 април доби позитивни критики од еколозите, кои нетрпеливо очекуваат да стапи на сила, откако беше одобрена од страна на пратениците во 2016 година. Најмалку 37 држави и областа Колумбија понудија некој вид на парична награда со што електричните возила ќе бидат конкурентни во однос на оние кои користат бензин.
„Потрошувачите сакаат да ги купат овие возила“, изјави Петар Иванович, извршен директор на „Застапници за животна средина на Њујорк“, додавајќи дека 1 април беше крајниот рок за државата да ги отпочне субвенциите.