Властите во Њујорк ја отстранија бистата на Едвард Сноуден

Тројца се уште анонимни уметници, вчера поставија биста со ликот на Едвард Сноуден во паркот Форт Грин во Бруклин, Њујорк. Со неа, тие му изразија почит на поранешниот советник на Државната агенција за безбедност на САД, кој стана познат откако во јавноста откри тајни документи и проекти за надгледување. Сепак, бистата беше отстранета од паркот до пладне.

Тие поминале голем дел од годината во нејзина изработка. Нивната напорна работа се исплати бидејќи за кратко време, бистата стана хит на интернет, откако се појави видео од нејзиното поставување.

Таа беше поставена на чело во коланата во која е и споменикот изграден во чест на повеќе од 11 000 илјади американски воени затвореници кои загинале на британските бродови за време на Американската револуционерна војна. За овие уметници, локацијата не била случајна.

И покрај тоа што првичната замислена локација им била замокот Белведере, уметниците сметале дека споменикот посветен на мачениците им ја дава најдобрата можност да се пренесат идеалите преку неговите откритија.

Во изјава за Mashable, уметниците изјавија дека го одбрале ова место бидејќи е „полно со важност и значење, како и почитување на другите“. Според нив, тоа го става Сноуден како продолжение на една приказна која започна на почетокот на нивната земја.

„Ние сметаме дека активностите на Сноуден навистина ја продолжуваат таа приказна“, велат уметниците.

„Таа е изградена врз основа на збир од идеали за слободен живот, а не да се биде, органичен, надгледуван или следен од вашата влада. Вие не можете да имате слобода на изразување во потрага по слобода, ако се чувствувате дека го правите тоа под будно око“.

Досега се случувало да има и други статуи на Едвард Сноуден, но воглавно тие биле подвижни инсталации. Скулптурата која се наоѓаше во Форт Грин паркот била замислена како трајна. Уметниците се надеваа дека градските власти ќе размислат за тоа да ја остават скулптурата онаму каде што беше оставена, сепак беа подготвени за неизбежното.

Во кусо излагање, портпаролката на одделот за паркови во Њујорк рече дека секое неодобрено поставување на скулптура или уметничко дело во градскиот парк е незаконски.

Неодамна, Едвард Сноуден се појави во емисијата на Џон Оливер каде зборуваше за нагледувањето на владата, Државната агенција за безбедност и рамнотежата помеѓу приватноста и безбедноста.

Во продолжение е триесетминутното интервју со Едвард Сноуден: