Властите во Камбоџа конфискуваа лав чуван како милениче – сопственикот се фалел со него на Тик Ток

Властите во Камбоџа конфискуваа заробен лав кој бил чуван како милениче, откако бил забележан во видеа споделени на ТикТок.

Мажјакот стар 18 месеци и тежок 70 килограми, бил увезен од странство од страна на сопственикот, кинески државјанин, за да биде одгледан во неговиот дом, соопшти портпаролот на Министерството за животна средина Нет Феакра.

„Камбоџанските власти започнаа да го испитуваат овој лав, бидејќи го видовме на ТикТок кон крајот на април“, рече Феакра во неделата. „Луѓето немаат право да одгледуваат редок див свет како домашни миленици“.

Од Алијансата за диви животни, невладина организација за спасување животни која помогна во акцијата, велат дека условите за приватно живеалиште се „несоодветни за диво животно“.

„Покрај тоа, лавовските заби беа отстранети, заедно со неговите канџи, што драстично го намалува квалитетот на животот на лавот“, се вели во соопштението.

Ввластите ја преместија големата мачка во центарот за спасување на диви животни Пном Тамао, на периферијата на главниот град.

Конфискацијата се случува еден ден откако корисник на Твитер објави снимка од животното додека шета низ градината во богатата област Боунг Кенг Канг во Пном Пен.

Извор: Гардијан