Владо Камбовски на чело на Одборот за акредитација на факултетите

Професорот на Правниот факултет, член и поранешен претседател на МАНУ, Владо Камбовски, е избран за претседател на Одборот за акредитација на факултетите.

Тој бил член на Одборот уште од 2015 година, но сега е избран за претседател на Одборот по иницијатива на останатите членови во Одборот.

 Членовите се избрани и именувани од МАНУ, Интеруниверзитетската конференција, Стопанска комора и сите тие имаат мандат и не може да се разрешат, информираат од министерството.
Одборот во моментов брои 23 членови. Од нив само девет се нови и именувани од Владата, а останатите се стари, велат од министерството.
Освен Камбовски за претседател, професорката на Факултетот за земјоделство, Гордана Поп Симонова, е избрана за потпретседател на Одборот.