Владата усвои заштитни протоколи за запишување во средните училишта, за првооделенци и за полагање испити

Во просторијата каде се спроведува испитот во високообразовните институциите задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици на сите вработени во средните училишта, растојание од 2 метри на средношколците, а помеѓу секој термин за разговор за секое прваче потребно е да има пауза од најмалку 20 минути.

Овие препораки се вклучени во протоколите кои Владата ги разгледа и усвои на својата 58 седница.

Во Протокол за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта, меѓу другото, стои дека запишувањето се спроведува во месец јуни. Средството за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставуваат на влезот од училиштето, додека во просторијата можат да бидат присутни единствено членовите од Комисијата за запишување, детето и еден негов родител/старател.

Вториот Протоколот е за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година. Запишувањето се одвива од 7 до 19 часот.

Ќе се организира и редарска служба, со цел да има минимум 2 метри растојание пред и внатре во училиштето, со 2 редари пред влезот, и 2 редари во училиштето.

Донесен е и Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав, за изведување на испитите.

Установите на влезот на објектот треба да постават едукативно-информативни материјали за почитување на мерките. Доколку испитот се полага усно, помеѓу секој термин е потребно да има пауза од 20 минути. Ако испитот се реализира писмено, тогаш установата ги реди клупите во просторија за таа намена, со 2 метри растојание меѓу присутните, кои задолжително треба да носат маски.

Исто така, Владата го усвои и Протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година.

Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, разгледување на приговори и објавување на резултати во средното „Здравко Цветковски се одвива“ од 10 до 17 часот.