Владата ќе потроши 900 илјади евра за да нема нелогичности во учебниците

За преземање и адаптирање на наставните програми и промоција, за обуки и следење на нивната примена, Владата, преку Бирото за развој на образованието ќе потроши околу 900 илјади евра или 56 милиони денари, објави порталот А1он.мк.

Владата потроши 900 илјади евра за да нема нелогичности во учебниците

Во македонските учебници има голем број погрешни податоци и нелогичности. На пример во учебникот за четврто одделение, одобрен во 2009 година, по предметот Природа. пишува: „Неживите организми… Каменот, почвата, водата не живеат. Тие ја сочинуваат неживата природа и од нив зависи целиот жив свет…“. Во други учебници пак пишува дека „Црногорските градови Улцињ и Бар биле делови на Албанија“, како и дека „Античките Македонци се повлекле во планините и станале Власи“.

Со новите програми од Кембриџ Универзитетот, од Министерството за образование уверуваат дека ќе се поправеле грешките во учебниците.

Според А1он,  Бирото за развој на образованието ќе потроши околу 900 илјади евра за адаптирање на наставните програми и промоција, за обуки и следење на нивната примена. Овој договор бил склучен со Cambridge International Examination –  непрофитна организација која е снабдувач на интернационални програми за образование и професионални квалификации за ученици од 5 до 19- годишна воздраст. Таа работи во рамки на познатиот британски Кембриџ универзитет.

Договорот е склучен на 31 јануари во постапка со преговарање, без претходно објавување на оглас. Први кои што ќе учат по новите програми ќе бидат учениците од прво до трето одделение по предметот математика, што старува од идната учебна година.