Владата одлучи да се гради нов Државен архив

Владата на Република Македонија на вчерашната, 62-та седница, одлучи изградба на нов Државен архив.

Таа го задолжила Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје.

Покрај ова, на предлог на Министерство за внатрешни работи, владата го утврди и текстот на Предлог – законот за странци, со кој се врши усогласување со европското законодавство во областа на миграцијата, односно условите за влез, визите, одобрувањето на престојот и враќањето на странец со незаконски престој.

На оваа седница, Владата ја одобри и предлог-одлуката за прогласување на Манастирот Св. Андреја – Матка, во општина Сарај, изграден во 1388 – 1389 година, за културно наследство од особено значење, во поткатегоријата големо значење.