Од Владата објави список на фирми кои примиле државна финансиска поддршка, но на вработените не им исплатиле плати.
Се работи за над 700 компании што било утврдено дека не ја исполниле обврската да дадат минимални плати за април и мај.
Државата претходно исплати околу 79 милиони евра на околу 20.000 македонски компании за над 10.000 вработени, но според УЈП околу 2 милиони не стигнале до вработените, односно нецелосна била исплатата на отприлика секоја седма помогната фирма.
УЈП нагласи дека голем дел, околу 3.750 од фирмите што добиле државни пари во овој период, им исплатиле по помалку од една минимална плата на вработените, додека некаде не стигнал ниту денар државна помош.
Од Владата најавија дека ќе побараат од Обвинителството покренување постапка за утврдување кривична одговорност против одговорните лица во компаниите.
Кривична одговорност за ваквите фирми побараа и повеќе синдикати и здруженија, кои потенцираа дека целта на државната финансиска поддршка за справување со Ковид-19 кризата беше да се зачуваат работните места, а не работодавачите незаконски да профитираат на грбот на работниците.