Владата дозволи настава со физичко присуство во уште 13 училишта

Владата на седницата одржана синоќа го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година.

Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и дала согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.

Меѓу установите кои добија дозвола да организираат настава со физичко присуство за четврто и погорни одделенија се училишта од општините Врапчиште, Дебар, Кичево, Прилеп, Сопиште, Петровец и Чешиново Облешево.

Комисијата истовремено дала и делумна согласност на едно основно училиште во Штип за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.

Целиот извештај на Комисијата за барањата поднесени од 5 до 6 октомври 2020 година може да се види на следниот ЛИНК.