Влада: Од октомври ќе се враќа дневната ефтина тарифа за струја

Од месец октомври ќе се враќа дневната ефтина тарифа на електрична енергија, соопштија денеска од Владата.

Со ова „евтината струја“ ќе биде достапна секој ден по 2 часа, од 14 до 16 часот, вклучително и во сабота. Како и досега евтината тарифа на струјата останува да важи во недела, како и во периодот од 22 часот до 7 часот наутро.

Мерката, според владините претставници нема да се значи субвенционирање на енергетските компании, туку ќе се врати со проектираните заштеди на енергетските компаниите како ЕЛЕМ и МЕПСО кон граѓаните. Уверуваат дека оваа мерка нема да значи и поскапување на струјата, најмалку уште една година.