Влада на Финска: Во нашата програма не е спомената 4-дневна работна недела

Откако 34-годишната премиерка на Финска, Сана Марин, неделава се најде во насловите на повеќе интернационални медиуми со информацијата дека размислува за воведување работна недела од четири денови и шестчасовен работен ден, сега со свој демант за иницијативата се јави Владата на Финска.

„Во програмата на финската Влада не е спомената 4-дневна работна недела. Оваа тема не е на агендата на Владата на Финска. Премиерката Марин Сана ја изнесе идејата кратко на панел дискусија што се одржа лани во август, додека беше Министер за транспорт, а оттогаш нема никакви активности“, се вели во соопштението на Владата на Финска на Твитер.

Во моментов вообичаената работна недела во Финска се состои од осум часа дневно, пет дена во неделата.