Интерактивна визуелизација на бегалската криза

На 20 октомври, бројот на бегалците кои пристигнале во Грција во текот на 2015 година ја помина бројката од половина милион лица. Големината на бегалската криза на моменти може да биде тешка за разбирање, но визуелизацијата на финскиот сајт Lucify, може да помогне. Во неа се користени податоци од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР.

Додека рутите и времето на патување не се сосема точни, мапата подолу ги покажува моделите на движење на бегалците од 2012 до 2015 година.  Секое движење на точката на мапата претставува 25 луѓе, односно 50 ако се гледа од мобилен уред.