Вивалдиано – Концертен 3Д спектакл на 4 август во Охрид

Концертен 3Д спектакл со повеќе од 60 музичари, танчери и наратори ќе се оддржи на 4 август на Античкиот Театар во Охрид со шоуто на Вивалдиано.

Вивалдиано е безвременски музички проект составен од реномирани музичари од различни стилови со внимателно доделени улоги, кој e шарена мешавина на современата музика која се гради врз темелите на барокот.

Идејниот творец е продуцентот, рок пијанист и композитор Michal Dvořák, додека авторот е чешкиот музичар, сценарист и драмски писател Tomas Belko. Тие почнале да испробуваат и создале експерименти од звуците на класични, етно и електронски музички инструменти. Вивалдиано сега го сочинуваат оркестар на класични музичари и арт рок изведувачи, како и танчари и наратори.

Она што им дава друга димензија на шоуата е дизајнот на светлата и 3Д проекциите на јапонскиот уметник, режисер и аниматор Kosuoke Sagimotoa. Вивалдиано се претставува пред публиката со композициите на генијалниот италијански композитор Антонио Вивалди, но на нов и возбудлив начин преку вешто спојување на класичната музика со модерни елементи.