Турска општина предизвика дебата на социјалните медиуми откако на курс ги советуваше жените дека не треба да лижат сладолед ако навистина сакаат да бидат вистински дами во Истанбул.
Повеќе млади жени беа запишани на курсот „Да се биде дама” на општината Багчилар пред два месеци. На курсот, кој се одржувал како двочасовни предавања еднаш неделно, биле делени совети за облекување, одење и зборување.
Но, лекцијата „Како да се биде истанбулска дама”, во која се даваат совети дека дама не смее да лиже сладолед, ја разгоре дискусијата по објавата на локалните весници. Корисници на социјалните медиуми ја критикуваа како закана за слободата на жената, додека други ја бранеа, укажувајќи дека никој не треба да лиже сладолед било каде во светот, ако таа сака да се доживува како „елегантен“.
Откако беше запрашано како треба да се јаде банана, корисник на Твитер искоментира „Со вилушка и нож, се разбира”.