Висока загаденост на воздухот и утрово, во Куманово синоќа седум пати над дозволеното

Според мерните станици на Министерството за животна средина, нивото на загаденост на воздухот утрово во повеќе скопски населби и градови е „Многу високо“.

Во Центар утрово во девет часот концентрациите на ПМ 10 честичките достигнале двојно повеќе од дозволената граница, во Карпош слично, со 166 килограми на кубни метри, а следно е Лисиче со 165 килограми кубни метри. Високи се концентрациите и кај Ректорат, односно 163 килограми на кубен метар. Концентрациите достигнаа високо ниво и во Битола, Кичево, Тетово, Кавадарци.

Во Куманово, пак, мерната станица на Министерството за животна средина највисоко загадување измери вчеравечер околу 23 часот, кога присуството на честичките во воздухот било 695 микрограми, а утринава загадувањето се намали на 220 што.

При високи концентрации се препорачува да не се излегува надвор без поголеми потреби, а бремените жени, децата, хорнично болните и оние кои работат на отворено да се придржуваат до мерките за заштита. Не се препорачува ниту проветрување на домовите.