Виртуелна тура низ Неолитското село, во Тумба Маџари

Иако поради здравствените препораки, „Неолитското село – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, сè уште е затворен за посета, сега може да се разглед преку виртуелна тура низ селото.

Тумба Маџари од 2008 год. е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село” се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура.  Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8000 години.

Неодамна во Неолитското село , преку проектот од Европската Унија, беше доуредена продавницата за сувенири и обновени постоечките содржини во овој комплекс, кои досега беа успешно користени за поголема популаризација на археолошкиот локалитет Тумба Маџари и на вредностите на неолитската култура на територијата на Македонија.

„Посетата на селото, како и реализацијата на многубројните едукативни активности и културни манифестации во овој комплекс,  ќе продолжат наскоро, а до тогаш уживајте во виртуелната прошетка, чија техничка реализација и подготовка е овозможена од Дончо Наумовски и м-р Елена Стојанова Канзурова“, порачуваат од локалитетот.

До турата се простапува на овој ЛИНК.